Силвестер Сталоне го чува добриот пријател и колега Брус Вилис во своите молитви откако семејството на Вилис ги откри неговите здравствени проблеми.

Ѕвездата на „Роки“ минатата недела на својот инстаграм-профил сподели фотографии од него и Вилис низ годините, и напиша охрабрувачка порака до семејството на ѕвездата на „Умри машки“ и покрај фактот што двајцата порано беа во јавна расправија.

Ние се познаваме одамна, се молам за најдобро за тебе и за твоето прекрасно семејство, напиша Сталоне.

Сталоне (75) и Вилис (67) заедно глумеа во „The Expendables“ и „The Expendables 2“. Вилис требаше да се појави и во третиот дел, но се откажа во текот на финансиските преговори, што ја поттикна гореспоменатата расправија меѓу двајцата актери.

Ѕвездата на „Роки“ на својот инстаграм-профил сподели фотографии од него и Вилис низ годините, и напиша охрабрувачка порака до семејството на ѕвездата на „Умри машки“ и покрај фактот што двајцата порано беа во јавна расправија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.