Во Кинотека денеска во рамките на декемвриската програма е проекцијата на „Чувари на формулата“, дело на познатиот Драган Бјелогрлиќ, ги пренесува вистинските случувања од крајот на педесеттите години во институтот „Винча“ во Србија. Гледачите ќе можат да изберат која од двете проекции во средината на месецот ќе ја проследат.

11 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
15 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК), 18:00 ч.
ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА
(Čuvari formule / Guardians of the Formula)
Игран филм, Србија / Црна Гора / Словенија / Македонија
2023, 120 мин., колор, ДЦП
Режија: Драган Бјелогрлиќ (Dragan Bjelogrlić)
Сценарио: Вук Ршумовиќ, Драган Бјелогрлиќ, Огњен Свиличиќ (Vuk Ršumović, Dragan Bjelogrlić,Ognjen Sviličić)
Улоги: Радивоје Буквиќ, Алексис Маненти, Лајонел Абелнаски, Ан Сера (Radivoje Bukvić, Alexis Manenti, Lionel Abelansky, Anne Serra)

Во октомври 1958 година, во екот на кризата од Студената војна, група на комунистички научници од Институтот „Винча“ во Србија спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложуваат на смртоносна доза на радиоактивно зрачење од ураниум, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката „Кири“ во Париз.
Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека нивните денови се избројани. Иако професорот Мате целиот свој живот го има посветено на борбата против нуклеарното оружје и длабоко го презира проектот на кој работеле југословенските научници, тој предлага за прв пат во историјата да се спроведе деликатна и неизвесна интервенција за замена на коскената срцевина на озрачените пациенти.
Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или навистина сака да им помогне – станува мачно прашање за југословенските научници. Филмот е заснован на вистинска приказна.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.