Ема Хеминг Вилис, сопругата на Брус Вилис, објави видео на социјалните мрежи на кое актерот може да се види на покривот на облакодерот Накатома Плаза односно Фолк Плаза, 34 години по „акцијата“ на главниот јунак, во улога на Вилис, на Умри Машки (Die Hard).
View this post on Instagram
Токму филмот Умри Машки го лансираше Брус Вилис на Олимпот на акционите ѕвезди, рушејќи го стереотипот за херој кој дотогаш мораше да биде боди билдер како Сталоне или Шварценегер.
Филмот создаде не само четири продолженија (1990, 1995, 2007, 2013), туку и бесконечност од имитации кои се обидоа да ја реплицираат формулата со поместување на поставката. Актерскиот шарм, сепак, ја претставуваше таа голема вредност што не можеше да се копира и која стана заштитен знак за Вилис, дури и ако подоцна дојдоа драматични улоги за кои како да изгледаше дека е уште повеќе предодреден, како улогите во Шестото сетило и Нескршливи.
На Инстаграм, 44-годишната Ема Хеминг Вилис го објави „прославеното видео“ во кое нејзиниот 67-годишен сопруг се гледа неколку секунди на покривот на Фокс Плаза во Лос Анџелес, облакодерот кој во Die Hard станува Накатоми Плаза. На радост на фановите, Брус се враќа на легендарниот покрив 34 години подоцна.
Да потсетиме, како што објави неговата ќерка Румер минатиот март, Брус Вилис се повлече од актерството затоа што боледува од афазија, што е неможност да се изрази преку говор или пишување или да го разбере значењето на зборовите изговорени или напишани од други, поради нарушување на центрите и горните нервни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.