Нетфликс на социјалните мрежи објави фотографии од снимањето на ова остварување

Бредли Купер ќе го видиме во новото остварување на Нетфликс наречено „Маестро“. Станува збор за биографски филм за Леонард Бернштајн, познат американски композитор и диригент, кој ќе го игра токму познатиот актер.

Нетфликс на социјалните мрежи објави фотографии од снимањето на ова остварување. Бредли Купер како Леонард Бернштајн, мора да се признае, изгледа тотално непрепознатливо.

Продуценти на филмот се Мартин Скорсезе, Стивен Спилберг и Тод Филипс, како и Купер кој глуми со Кери Малиган и Џереми Стронг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.