Бен Афлек ќе се враќа како Бетмен во претстојното продолжение на Аквамен – „Аквамен и изгубеното кралство“.

Неговото враќање го најави ѕвездата на филмот Џејсон Момоа преку објава на Инстаграм. Момоа објави селфи од двајцата актери, со описот: „Повторно се обединивме, Брус и Артур. Те сакам и ми недостигаш. Фатен на снимање, ќе има одлични работи во Aquaman 2“.

Џејсон Момоа се враќа како Артур Кари, поморскиот суперхерој познат како Аквамен, а појавата на Афлек е прилично изненадување. Имено, актерот претходно објави дека повеќе нема да ја игра улогата на Темниот витез, а неговото појавување во филмот Flash, кој ќе излезе следната година, требаше да биде неговата последна инкарнација на познатиот суперхерој. Своето заминување го најави по филмот Justice League.

„Имав навистина лошо искуство со Justice League од многу различни причини. Не обвинувам никого, се случија многу работи. Но, не бев навистина среќен. Не ми се допадна да бидам таму. Мислам дека беше интересно. А потоа се случија некои навистина луди, ужасни работи. Но, тогаш помислив дека нема да го повторам тоа“, рече Афлек.

Продолжението на Аквамен го режира Џејмс Ван по сценарио на Дејвид Лесли Џонсон-Мекголдрик и Џејсон Момоа, а на Момоа и Афлек им се придружуваат Амбер Херд, Вилем Дефо, Патрик Вилсон, Долф Лундгрен, Јахја Абдул-Матин II, Темуера Морисон и Никол Кидман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.