Холивудскиот актер Џони Деп за само неколку часа заработи околу 3,5 милиони долари продавајќи ја својата деби колекција на платно.

Само неколку часа по објавувањето на понудата на Instagram, Деп продаде 780 дела, кои ги купиле 37 галерии, меѓу кои и лондонската Ковент Гарден.

Колекцијата на актерот, насловена „Пријатели и херои“, се состои од портрети на луѓе кои го инспирирале, како Кит Ричардс од бендот Ролинг Стоунс и актерката Елизабет Тејлор.

„Отсекогаш сум ги изразувал чувствата преку уметноста“, вели педесет и деветгодишниот актер.

„Постојано сум опкружен со уметност, но мојата сопствена слика до сега ја чував за себе. Се ограничив, но мислам дека никој не треба да се ограничува“, додаде тој.

Актерот вели дека работата на портретите, на кои се појавуваат актерот Ал Пачино и музичката легенда Боб Дилан, го натерале „да размислува за оние што му се најважни, како семејството, пријателите и луѓето на кои им се восхитува“.

Сите 780 портрети беа продадени за само неколку часа во четвртокот.

Поединечните слики во рамки чинат околу 4.700 долари, а портфолиото од четири слики нешто помалку од 18.000 долари.

Објавата на Деп на Instagram предизвика врева, поради што веб-страницата на продажната галерија Castle Fine Art се урна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.