Ал Пачино (83) ја доби посебната чест да објави кој ја доби наградата за најдобар филм на 96-тото доделување на Оскарите. Но, судејќи по коментарите на социјалните мрежи, легендарниот актер не се прослави во оваа улога.

Секогаш, пред да се објави победникот во категоријата се читаат сите номинирани. Во категоријата за најдобар филм годинава се најдоа „Анатомија на падот“, „Американска фикција“ „Барби“, „Остатоците“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Минати животи“, „Кутри нешта“, „Зона на интерес“ и „Опенхајмер“.

Но, наместо да ги прочита сите, Пачино го отвори пликот со победникот и само рече: „Моите очи го гледаат ‘Опенхајмер’“.

Корисниците на социјалните мрежи се лути на Пачино.

Па, се радував на таа последна тензија!“, „Каков чуден начин да го откриеш победникот. Па што беше ова?!“, напишаа корисниците на Икс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.