Откако беше обелоденето дека познатиот сараевски актер Моамер Касумовиќ во 2021 година бил осуден за блуд со малолетничка, јавноста реагираше со големо изненадување и осуда.
Многумина се прашуваа како е можно толку тешко кривично дело да добие толку ниска казна, а уште повеќе беа шокирани од информацијата дека казната може да се откупи.
Обвинителството на кантонот Сараево потврди дека поднеле жалба на висината на казната, но нивната жалба била одбиена.
Обвинителството на кантонот Сараево поднесе жалба на висината на санкцијата, но Кантоналниот суд во Сараево ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената казна на Општинскиот суд во Сараево – изјави портпаролката на Обвинителство КС, Азра Бавчиќ.
Ѕвездата од серијата „Луд, збунет, нормален“, е осуден на една година затвор за кривично дело блудство врз малолетник.
Во меѓувреме, се појави и шокантна изјава во еден босански медиум, во која се тврди дека Касумовиќ си го подмирил, односно откупил, затворскиот долг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.