Skip to main content

„Лудус“ ја прикажа новата колекција која ја прославува 15-годишнината на брендот

На 7 октомври македонскиот моден бренд „Лудус“ имаше чест да ја затвори првата вечер од Љубљанската модна недела со јубилејната колекција “Permanent Black III”, трета колекција од серијалот кој ги прикажува најбараните производи на брендот, преработени во црна боја и поинакви пропорции и форми.

Јубилејната колекцијата е надоградување на креативниот, естетски и визуелен свет што брендот го гради изминатите 15 години и претставува навраќање кон модели и приниципи на дизајн препознатливи за брендот. Балансирајќи меѓу повторување на досега видените модни аутфити и подобрување на постоечките производи, колекцијата е свеж приказ на еволуцијата на брендот.

Оваа 15-годишнина се одбележува и со монографија – ретроспективен каталог, кој е во подготовка. Покрај ретроспективните фотографии, „Лудус“ покани визуелни уметници, модни критичари, куратори и дизајнери – соработници на брендот, да создадат нов визуелен и пишан материјал, сопствена критичка интерпретација на работата на „Лудус“.

Колекцијата и монографијата се поддржани од Министерството за култура и туризам на Македонија.

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom