Темите на третото издание на Интернационалниот Фестивал преку документарни филмови што ги избравме меѓу 2681 предложени за официјална селекција ги откриваат еколошките, социјалните и културните кризи од вчера и денес.
Некои ќе ве насмеат, некои ќе ве допрат, велат организаторите.
Влезот е бесплатен, а салата климатизирана.
Меѓународниот филмски фестивал на етнографски филмови годинава го има своето трето издание. На фестивалот ќе бидат прикажани 40 филмови, кои ја поминаа строгата селекција од вкупно 2.681 пријавени, што зборува за еден неверојатен интерес. Селекторот Тони Гламчевски ја изрази својата посветеност кон овој млад фестивал и кон одржувањето на традицијата на големиот фестивал.
Нашата цел е да останеме верни на суштината на „Илинденски денови“, прикажувајќи го потеклото и богатството на светските традиции преку седмата уметност. Филмовите годинава вклучуваат неверојатни автентични приказни кои даваат поинаква визура на традициите кои станале фокус на луѓето кои снимаат филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.