На почетокот на сѐ беше EXIT. Веќе во своите први години, фестивалот испиша историја како прв масовен собир на младите по војните во деведесеттите, етаблирајќи се како столб на помирувањето на нашите простори. Како што растеше организацијата, само во изминатите две години, EXIT организираше 50 настани во 12 земји, а неговото срце се наоѓа и чука токму во нашиот регион. Ако со црвен молив ги поврземе пулсните точки на Егзитовите регионални настани, вклучувајќи го и најновото дополнување, фестивалот Unity84 кој викендов ќе прослави 40 години од одржувањето на Зимските олимписки игри во Сараево, го добиваме токму тоа – едно големо срце кое ја симболизира љубовта и синергијата што EXIT со своите фестивали ја шири на просторите на поранешна Југославија.

Симболично е што фестивалот со кој се слави годишнината на еден од најголемите дострели на поранешна Југославија го комплетира нашето регионално срце. Олимпијадата е симбол на заедништво и здрав дух, а токму таквите вредности се вткаени во ДНК-та на нашите настани“, изјави Душан Ковачевиќ, основач и директор на фестивалот EXIT.

Денес меѓународниот и повеќекратно наградуван летен музички фестивал е основан уште во далечната 2000 година, пред речиси четврт век и се одржува секоја година на една од најубавите фестивалски локации во светот – Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Светската препознатливост на EXIT му ја донесоа големите имиња кои се слушаа од бините на фестивалот, бројните посетители од целиот свет, но и добро познатата и грижливо чувана магична енергија на фестивалот.

Уште во своите први години, EXIT изгради силна репутација како општествено движење на младите и се позиционираше како столб на помирувањето во регионот. Со цел да се негуваат вредностите на мирот и слободата, покрај матичниот фестивал во Нови Сад, основани се No Sleep во Белград, Sea Dance и Ada Divine Awakening во Црна Гора, Sea Star во Хрватска, Get EXITed во Македонија и најновото дополнување во Егзитовото фестивалско семејство – Unity84 во Босна и Херцеговина. Сите заедно, тие се тука да ја претставуваат универзалната љубов и кокреација во регионот.

Големото регионалнo срце на Exit прикажано е и во анимацијата, додека за музичката подлога симболично е искористен синглот на еден од најуспешните продуценти од овие простори, Space Motion, на кој му се придружува и американската пејачка JES. Станува збор за траката „Universe“, првото издание објавено на растечката издавачка куќа на Exit, Soundscape, кое на врвот на водечката Beatport Hype: Melodic House & Techno листа се задржа 12 последователни недели!

Покрај регионалните фестивали, EXIT организира и бројни настани во Европа и светот – во 2023 година од Егзитовата организација произлегоа 24 настани во 13 различни градови и 6 земји во светот. Заедно со 2022 година, таа бројка изнесува дури 50 настани во 12 земји и околу милион посетители од сите краеви на светот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.