Откако на почетокот на јуни 2022 се појави веста дека Шакира се разделува со Жерар Пике, откако, наводно го фатила со друга жена, јавноста е будна за секаква новост околу славната двојка. Последното поглавје од релацијата меѓу Шакура и Пике се обидите на пејачката да се договори со фудбалерот на Барселона нивните деца да се преселат со неа во Мајами, нешто што Пике, досега не го одобруваше.

Како што пишуваат медиумите во Шпанија, една од најголемите причини за Каталонецот да не го прифаќа барањето на Шакира е тоа што тој и натаму активно игра за Барселона, поради што нема да може редовно да патува во Мајами за да ги посетува своите деца, па затоа повеќе сака Саша (7) и Милан (9) да бидат во Барселона. Шакира, пак, смета дека треба да се пресели за да си ја врати контролата врз животот, со најмилите покрај неа.

Две барања за кои не може да се преговара

Според програмата „La mesa Caliente“, на телевизијата Телемундо, ваквата состојба може да се промени во следните денови. Според објавата, играчот на Шакира и поставил два услови за кои не може да се преговара. Како прво, Пике побарал од колумбиската пејачка да му дава пет авионски билети од прва класа годишно за да ги посетува децата. Вториот услов на Пике, бил неговата поранешна партнерка да подмири неподмирен долг кој, наводно, изнесувал 400.000 долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.