По прекинувањето на речиси 25 годишната врска со 46 годишниот Петар Грашо, сплитската пејачка Данијела Мартиновиќ за „Глорија“ открива дека е во врска со инспекторот Јосип Плавиќ.

Како што кажува 51 годишната пејачка, 49 годишниот инспектор го запознала кога нејзината адвокатка пред некаде околу една година поднела пријава за крадење на нејзиниот идентитет преку интернет. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле да се дружат.

Се почна со еден непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека делиме исти вредности, поглед на животот и светот околу нас, па дури и по некои соништа, вели Мартиновиќ за „Глорија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.