Емир Кустурица, познатиот српски режисер бил хоспитализиран на Институтот за ортопедија во Бањица. Според информациите тој скршил нога на Мокра Гора. За Спутник изјавил дека се чувствува добро и го чека операција.

„После авиони, хеликоптери, камиони, стотици илјади километри, 950 концерти и сѐ што ми се случило во животот, ми се случи несреќа на обични скали. Иронијата на животот е дека на последното скалило се лизнав и десниот зглоб ми отиде 180 степени. Офкав од болка“, изјавил познатиот режисер.

Тој додаде дека во моментов нема никакви болки и дека очекува по утрешната операција полека да се врати во нормален живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.