Драгана Мирковиќ по 24 години хармоничен брак се разведува од сопругот Тони Бијелиќ.

Пејачката во соопштението до медиумите наведува дека поднела барање за развод, а открива и дека веќе неколку години таа и Тони не живееле под ист покрив.

Мојот однос со Тони веќе подолг период не е како што беше, а последните три години практично водевме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така сум воспитана, направив се за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, тој јаз стана поголем и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање крај на нашиот брак, открива пејачката.

Таа додава дека останува доследна на своите принципи и дека секогаш ќе има почит кон Тони како татко на нејзините деца и некој со кој поминала многу убави години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.