Сопругот на убиената пејачка Јелена, Зоран Марјановиќ, е уловен на еден градски базен во Белград заедно со српската пејачка Инди Арадиновиќ. Додека таа се сонча тој ја гали по бутот, а очевидци за српски „Курир“ велат дека тоа не се единствените нежности кои парот ги споделувал.

Тие јавно ни негираат ни признаваат дека се заедно, Она што го кажуваат е дека Марјановиќ работи на нови песни за неа

Не е ништо ново, пријатели, колеги, соработници, луѓе кои се сакаат и почитуваат да се бакнуваат во образ и тоа не е ништо ново за мене. Фала му на Бога, живи сме, здрави луѓе сме, што е важно ако ја има ставено раката на моето бедро, ако сакавме да се сокриеме, ќе се сокривеме некаде надвор од базенот, а вака транспарентно отидовме до базенот, навистина не гледам ништо лошо, вели Инди.

Инаку, денеска со сослушување на сведоци во Вишиот суд во Белград продолжи повторното судење на Зоран Марјановиќ, кој е обвинет за убиство на сопругата Јелена Марјановиќ на 2 април 2016 година.

Судењето се повторува бидејќи Апелациониот суд ја поништи првостепената пресуда со која Марјановиќ беше осуден на максимална казна од 40 години за кривично дело тешко убиство.

Апелација му го откажа притворот на Марјановиќ на 3 октомври минатата година и оттогаш тој е на слобода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.