Поранешната легендарна ракометарка на Македонија, Индира Кастратовиќ и официјално е примена во Куќата на славните на ЕХФ.
На свечениот настан Кастратовиќ беше и во друштви на актуелниот македонски селектор, Кирил Лазаров кој минатата го доби истото признание.
Заедно со Кастратовиќ, Куќата на славните доби уште 20 други членови, а седум од нив се ракометарки. Место доби и екс-голманката на Кометал Ѓорче Петров, Луминица Дину која ја освои Лигата на шампионите со македонскиот клуб во 2002 година.
🌟 The 𝐇𝐚𝐥𝐥 𝐨𝐟 𝐅𝐚𝐦𝐞 has just become even more legendary! 21 stars are here to stay! 🏅
— European Handball Federation (@EHF_Activities) December 14, 2024
Full list of inductees: https://t.co/gKrvn9f9dW#EHFExcellenceAwards pic.twitter.com/VfqxePglti