Уапсен е раперот Христијан Тасковски – Таско. Барем така тврди неговиот брат Борис, кој сподели фотографија од раперот во лисици, тврдејќи дека вчера полицијата го привела во трговски центар.

Сакам да ве известам дека мојот брат вчера е уапсен во еден наш трговски центар поради негова наводна вмешаност во криминална група. Пред малку успеав да се слушнам со него и ми кажа дека му е одземен мобилниот телефон. Ова е последна слика што ја направил наш заеднички другар што бил со него околу 22 часот… Се надевам дека наскоро ќе добијам повеќе информации и дека за кратко ќе биде ослободен, пишува Борис Тасковски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.