Љубовната приказна на Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, позната и е на јавноста, но многумина незнаат дека нејзина прва љубов бил Владан Лукиќ.

Во прашање е некогашен фудбалер, а нивната љубов започнала во 1989 година, кога Цеца почнала да го качува патот на својот успех.

Лукиќ во тоа време важел за голем заводник, па приказната за нивната љубов ги полнела страниците на весниците, а дури се зборувало дека се свршиле и дека планирале свадба. Владан бил прв познат дечко на Цеца. Сепак љубовта згаснала наредната година, кога тој отишол во војска и се разделиле.

Како што се шушкало, Цеца на Владан му ја посветила песната „Пуштете ме да го видам“.

Години подоцна Цеца пееше на свадба на неговата ќерка Сара.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.