Иако Јелена Карлеуша официјално сè уште е во брак со Душко Тошиќ, според српските медиуми пејачката и фудбалерот се разделени и не се во добри односи. Тие се заедно од 2006 година, но пред него, Јелена била вљубена во „опасниот тип“ Зоран Давидовиќ Чанда, кој беше убиен во 2000 година.
Чанда и неговиот пријател Иван Стојановиќ биле ликвидирани враќајќи се од погребот на нивниот пријател Бранислав Лаиновиќ – Дуги, кој бил убиен неколку дена претходно во Белград. По погребот одржан во Нови Сад, Џанда и Иван се враќале назад кон Белград со „ауди“ управувано од Стојановиќ, кога ги претркало друго „ауди“ во кое биле напаѓачите. Кон нив биле испукани околу 30 куршуми од калашникови кои ги погодиле во вратот и главата, и загинале на лице место.
Карлеуша ја започнала својата романса со Џанда за време на бомбардирањето на НАТО, а оние кои ги познавале од почетокот на врската велат дека имале многу заедничко – од силата на личноста и хуманоста, до смислата за хумор. Јелена признала и дека ѝ е важно „Зоран да може материјално да ѝ парира“.
Џанда не криел колку е импресиониран што се забавува со пејачката, а поради врската со неа доби сосема нова репутација.
Кога ќе се погледнам во огледало, си велам: „Каков шармер“. Јелена доби на „бинго“ со мене, своевремено изјавил Давидовиќ.
Јелена тешко го поднела убиството на Зоран.
Од почит кон семејството на Зоран, не сакам многу да зборувам за трагедијата. Беше прекрасен човек, одличен пријател и внимателен како партнер. Сите што го запознаа му се восхитуваа. Полицијата нека си ја работи својата работа, јас тешко ја поднесов неговата смрт, изјавила Јелена кратко по неговата смрт.
Како што објавија српските медиуми, Јелена ја навестила трагедијата со песната која се појавила на нејзиниот албум „Гили, гили“ од 1999 година. Станува збор за песната „Јас би била твојата убава невеста“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.