Познатата фолк-пејачка Ирена Спасовска во најискреното интервју досега отворено зборува за поранешниот партнер Орце Гелевски, кој претходно наводно изјавил дека оставил жена и деца за неа, а дека таа го изневерила.
Не знам дали Орце изјавил така. Башка, јас бев слободна и никого не изневерив, а тој беше иницијатор за врска, иако беше во брак. Според тоа, тој изневерил и не ги оставил жената и децата заради мене, туку за себе, за да си направи промена во животот од кој не беше задоволен. Тој најмалку има право да зборува за неверства.. или пак ќе речам, можеби неговите зборови на порталите се испревртени, вели Ирена во интервју за „КликниМе“.
Пејачката признава дека имале убави 13 години, но дека тоа е веќе одамна завршена работа и дека малку е непристојно повторно да се отвара оваа тема.
Преку некои работи не можев да поминам! Веројатно му беше шок и неверување, но јас едноставно не можам да живеам во лаги. Само едната страна кога сака не е доволно да се сочува врската, искрена е таа.
https://arhiva.republika.mk/937746
На констатацијата од новинарот дека Орце очигледно сè уште е вљубен во неа, таа реплицира:
Му посакувам се најдобро, но јас сум жена која тешко се заборава“.
За „аферата“ со шеикот, но и за нејзиниот моментален љубовен статус, исто така зборува во интервјуто кое може да го прочитате тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.