Секогаш кога ќе дојдам во Македонија, една од првите работи што ги правам е да се напијам македонско вино, многу го сакам. Да смеев, ќе се напиев и сега …, обелодени балканската естрадна ѕвезда, на прес-конференција за најава на нејзиниот голем концерт на 16 декември во Скопје.

Таировиќ истакна дека се радува на претстојниот концерт затоа што секогаш се чувствува одлично кога доаѓа во Македонија.

Одлично го паметам првиот настап во Охрид, се сеќавам на секој детаљ. Емотивно емотивно сум врзана за македонската публика, секогаш ме пречекуваат како да сум им роднина, вели Таировиќ.

Таа вели дека дополнително, возбудата од доаѓањето во Македонија и се зголемува затоа што многу ги сака македонските песни и македонската музика. Затоа, како пто откри на прес-конференцијата, за концеретот во Скопје подготвува едно изненадување, различност од нејзините настапи надвор од земјава.

За концертот во Скопје специјално подготвувам изведба на мојата омилена песна од Тоше Проески, за кого сметам дека е најдобриот изведувач на овие простори. Изведбата на оваа песна ќе ми биде тешко, пред се на емотивен план, но се надевам дека ќе успеам да најдам сила, без проблем да го изведам тоа на сцената, вели Таировиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.