„Многу долго бев во тој некоj кафез, живеев во некоја агонија и сето тоа постојано се вртеше во некој круг и така од некој бес излегоа тие зборови од мене и додека пишував сè ми се враќаше….“

Вaка во емисијата „Гранд Магазин“ одговори Тамара за инспирирацијата за текстот на најновата песна „Нијагара“.

По сè што ми се случуваше во претходниот период и одлучив да го направам првиот чекор – да излезам од тој кафез и да им кажам на сите дека тоа е многу лесно да се направи, ако навистина сакаш да излезеш од тој кафез. За сите кои имале проблем со говорот на омраза, за сите кои некогаш биле разочарани, за сите кои некогаш биле погрешно етикетирани, за сите кои имале некоја ситуација во животот, која им изгледала безизлезна. Имаше и депресија и сè. Не сум веќе во брак, односно официјално сум, но не живеам заедно со сопругот од минатата година. Ние сме и понатаму во супер однос, имаме две деца и се согласуваме подобро отколку кога бевме во брак, така што тоа е супер работа која ја направивме еден за друг. Но, сите ние ги имаме тие подеми и падови, особено ние жените, постојано имаме разни работи кои ни се вртат во главата и можат да нè доведат во тој безизлезен кафез. Но, реалноста е дека за сè има излез, само треба навистина да го сакате тоа и да верувате во тоа. Од тоа не излегов сама, се разбира, тука се пријателите, родителите, психолозите, луѓето кои се стручни за тоа. Мислам, јас не се срамам од тоа. Најважно од сè е што јас излегов од тој кафез, порача таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.