Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ во четвртокот е приведен во Белград откако, како што пренесуваат српските медиуми, купил марихуана од познаник.

Покрај Трифуновиќ, приведен е и тој што му продавал марихуана. И двајцата биле приведени во полиција, а како што неофицијално дознава српски Курир, полицијата тргнала по автомобилот и го фатила додека си ја предавале дрогата.

Кај Трифуновиќ е пронајден еден ПВЦ-пакет со околу 5 грама марихуана, додека со преглед на возилото што го користел В.А. во чантата и ПВЦ кесата што ја чувал под хаубата на автомобилот, пронајдени се околу 40 ПВЦ-пакетчиња со околу 70 грама марихуана – вели извор за српски Курир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.