Низ куќата на „Големиот брат“ во 2011 година прошетаа вкупно 19 станари, а целиот регион будно ја следеше сезоната во која победи Маријана (тогаш) Чврљак. Сега таа повторно е во центарот на вниманието откако исчезна среде ноќ од семејниот дом.

Домаќинката од Шибеник тогаш освои 104 илјади евра, но наградата ја прифати без насмевка на лицето.

Имено, Маријана тогаш минуваше низ бурен љубовен период. Во куќата на „Големиот брат“ влезе како сопруга на морнарот Иван Чврљак, но во реалното шоу веднаш се заљуби во српскиот музичар Никола Немешевиќ Немеш, а нивниот секс пред камерите го следеше цел Балкан. Тие се караа, миреа, и ја забавуваа целата јавност, која читаше за нивната врска долго по завршувањето на шоуто.

По излегувањето од куќата на Големиот брат, Немеш ја осуди и ја нарече лажна.

Маријана е главната ѕвезда и главна актерка на овој серијал и една од причините зошто стигнав дотука. Имав деветка глумата, а Маријана заслужува најмалку петнаесет, рече тогаш Немеш и ја остави Маријана.

Неговите зборови многу ја повредија, имајќи предвид дека нејзиниот татко се откажа од неа за време на емитувањето на популарното реално шоу. Кога виде дека е на чекор пред победата, таткото ѝ прости.

Не очекував татко ми да дојде и да му се заблагодарам на Бога. После сите овие шокови, конечно нешто убаво. Покажав повеќе отколку што сакав и се срамам, изјави вечерта по победата Маријана и додаде дека се заљубила во Немеш.

Потоа се разведе од сопругот со кој ја имаат ќерката Корина, се пресели во Загреб и таму отвори салон за тетовирање, но бизнисот не ѝ тргна. Таа се смири со Немеш, па после повторно неколку пати раскинуваа и се смируваа, за да се венчаат во 2016 година.

Но, бракот траеше само осум месеци. Во 2020 година, Маријана се омажи за нејзиниот сегашен сопруг Карло Зајферт, кој го запознала додека работела во кафуле во Загреб, откако престанала да работи во еден кол-центар.

Со него го има синот Александар, а нејзиното исчезнување во полиција го пријави сопругот.

Исчезна сред ноќ, не остави ни порака, ниту пак со нешто покажа дека планира да замине од дома, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.