Српската естрадна ѕвезда, Цеца Ражнатовиќ, е многу активна на социјалните мрежи и редовно ги известува своите следбеници со детали од нејзиното секојдневие, но со најновата објава на својот Инстаграм профил, Цеца од фризерски салон ги изненади сите.

Пејачката донесе одлука да промени нешто на себе, па ја промени бојата на косата пред полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“.

Одам меѓу плавушите – напиша Цеца во описот на снимката, а во позадина ја објави песната на Жељко Јоксимовиќ „Дрска жена плава“.

Да потсетиме, неодамна Рада Манојловиќ ја обвини Цеца Ражнатовиќ дека ја украла песната „Лажго озлогласениот“, а фолк дивата веднаш се огласи по овие обвинувања, но како и секогаш беше воздржана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.