Босанската фолк пејачка Селма Бајрами била приведена на аеродромот „Никола Теска“ во Белград кога се обидела да влезе во Србија, по што веднаш била ставена во авион за назад. Како што објави поранешниот директор на БИА, Александар Вулин за српските медиуми, по негова наредба ѝ е забранет влез во Србија бидејќи Бајрами гордо ги покажувала симболите на Голема Албанија пред камерите.

Станува збор за настап од ноември, во кој Бајрами ја пее пенсата „Вале Косоваре“ по што со рацете го прави двоглавиот орел.

Не може да ги покажувате симболите на „Голема Албанија“ и да земате пари во Србија. Кому „Голема Албанија“ му е гордост, Србија не треба да му биде тезга. Како што кажав, додека ѝ служев на Србија како директор на БИА, издадов голем број наредби кои се однесуваат на сите оние кои го газат достоинството на Србија и нашиот народ. Не знам кои наредби сè уште се во сила, но најдобро е предавниците и оние кои мислат дека е можно неказнето да се плука по Србија, сами да си проверат, изјави Вулин за Танјуг.

Oткако видеото на кое лета орли се прошири по интернет, Бајрами се огласи на социјалните мрежи:

Бидејќи гледам дека некое мозоче објави снимка од мојот настап во Сараево, каде што пеам албанска песна, обидувајќи се да ме загрози мене и мојот однос со публиката во Србија, чувствувам потреба да се изјаснам. Како што знаат повеќето мои следбеници/фанови, моите корени се од Косово, дедо ми беше Албанец од Косово. На споменатиот настап во Сараево, еден човек од публиката ми ја побара таа песна и јас не гледам никаков проблем да ја испеам. Утре кога ќе дојдам во Белград и некој ми нарача српска песна со задоволство ќе ја отпеам. Музиката го победува секое зло, а јас отсекогаш сум бил пејач кој пее за сите народи! И за Бошњаците, и за Србите и за Албанците. За сите! Секој ќе го толкува тоа како сака, а јас ти испраќам љубов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.