Кога загина во сообраќајна несреќа пред 45 години, познатата пејачка, Силвана Арменулиќ, ги остави ги зад себе сопругот и ќерката Гордана, која тогаш имаше само 12 години.
Гордана, која денес има 58 години, е професорка по математика во една белградска гимназија и има два сина. Таа често истакнуваше дека животот и бил многу тежок без мајка и и дека до денес не може да го преболи трагичниот момент.
Гордана и Силвана беа многу приврзани една за друга, а Силвана секогаш каде што можеше ја носеше својата сакана ќерка. А, сега на Инстаграм странуица посветена на Силвана, се појави и нивна заедничка фотографија на која Силвана ја гали главата на својата ќерка.
На ваквата фотографија, многумина коментираат дека Гордана убавината ја наследила од мајка си и дека многу личи на неа.
View this post on Instagram
Силвана Арменулиќ загина на 10 октомври 1976 година во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш. Несреќата се случи кога пејачката се враќаше од концерт во Александровац. Заедно со Силвана загинаа и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ, како и виолинистот Раде Јашаревиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.