Срспката пејачка Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца и Аркан, се омажи за фудбалерот Немања Гудељ. Како што пренесуваат српските медиуми, двојката се венчала во манастирот Ражиновац во близина на Белград, а на интимната церемонија присуствувале само десетина најблиски луѓе.

Анастасија објави фотографија на која се држат за рака, а на прстите имаат бурми.

Господин и госпоѓа Гудељ, напиша Анастасија на Инстаграм.

Пресреќна сум, ја славиме љубовта. Што би посакала една мајка на своето дете отколку среќен и долг брак преполн со љубов и почитување, изјавила Цеца за „Телеграф“.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ одамна одлучија дека ќе имаат неколку свадбени церемонии, поточно интимна граѓанска во Шпанија, а потоа и голема забава во Белград по роденденот на Цеца Ражнатовиќ. За жал, загубата на бебето ја прекина прославата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.