Првата еротска сцена македонскиот актер Сашко Коцев ја снимил во Чешка, а за сите непријатности кои следат со снимање на ваквиот тип на сцени зборува во новата „Еден на Еден“ епизода која ќе се емитува во недела од 18.30 на „Канал 5“.
Еден филм снимав одамна во Чешка, се викаше „Жените на мојот маж“. Јас никого не познавам, ме земаат 12 навечер на аеродром, преспивам колку што можам, и на сет ме носат во 5.30-6 наутро. Во 7 наутро, првата сцена е љубовна. Доаѓам јас, лежи гола колешка, се соблекувам, легнувам тука, акција. И потоа велат: „Стоп, менуваме светло“, раскажа Сашко.
Потоа додаде дека во моментот на кусата пауза, тој допрва се запознавал со колешката.
Здраво, јас сум Сашко. Не се ни знаеме со колешка од Унгарија. „Акција!“, раскажа Сашко за снимањето кое продолжило веднаш по нивното кусо запознавање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.