Македонската фолкерка Сани веќе не го носи презимето Гроздановска, иако продолжи така да се презива и откако се раздели од вториот сопруг, Мартин. Имено, не така долго по вториот брачен бродолом, згодната кумановка влезе во нова сериозна врска која кон почетокот на минатата есен резултираше со запросување. Тогаш таа на својот профил на „Инстаграм“ сподели фотографија со веренички прстен, на левата рака и напиша дека по трет пат кажала „ДА”…
Љубопитната јавност веднаш тргна да се интересира и истражува во кого тоа толку брзо Сани одново се заљубила, па созбнанијата открија дека се работи на гастрбајтер со српско потекло по име Никола, кој живее и работи во Швајцарија, поточно е менаџер на генерален менаџер на еден термохотел со спа, лоцирани на швајцарските Алпи, пишува „Убавина и здравје“.
Откако ја откри врската и просидбата, пејачката често одеше кај новата љубов на гости, а и тој доаѓаше кога може во Македонија, се додека не дојде Новата Година. И додека сите ја чекаат, Сани и Никола не дочекаа старата да замине, туку ја испратија со венчавка, па како нова брачна двојка вчегоа во 2023-тата.
Радосната вест најпрвин сами ја објавија на социјалните мрежи каде се гледа дека пејачката сега го земала презимето на новиот сопруг, па Сани сега се презива Урдаревиќ.
Меѓу останатото двајцата споделија новогодишна честитка во која се гледа дека новите младоженци блескаат од среќа.
Велат дека не е среќен оној што е богат, туку оној што е среќен со она што го има. Посакувам оваа година да имате сè што ви треба за среќа. Имајте блескав и убав почеток на новата 2023 година, а уште поблескав и поубав крај на истата! Среќни празници, порачаа тие во честитката.
Фолкерката реши да оди на “треќа-среќа“, по трет пат се омажи и го кажа судбоносното – ДА… Се надеваме дека овојпат ќе и биде за навека!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.