Првиот сопруг на Џенифер Лопез, кубанскиот актер, Ојани Ноа, отворено проговори за бракот со латино дивата, при што открива зошто мисли дека нејзиниот брак со Бен Афлек нема да трае долго и е осуден на пропаст.

Лопез неодамна се омажи за актерот Бен Афлек, што предизвика голм интерес во јавноста, како и голем број коментари во медиумите.

Кубанецот, кој од келнер стана актер,  за Дејли мејл, вели дека поради нејзиниот карактер, Џенифер, лесно се заљубува, но нејзините врски не траат долго.

Им посакувам на беа и на Бен многу среќа во нивниот брак, но сигурен сум дека нема да трае долго. Џен сака да биде заљубена, но таа беше свршена шест пати. Бен е сопруг број четири. Јас бев сопруг број еден и ми кажа дека сум љубов на нејзиниот живот. Кога легнавме на првата брачна ноќ, таа ми рече дека ќе бидеме заедно засекогаш – вели Ојани за Дејли МеилДејли Меил.

Иако се разведе од пејачката во 1998 година, тој и Џенифер со години останаа добри пријатели, но сега, како штовели, одлучил јавно да проговори за нивниот брак бидејќи му здодеало да го етикетираат во медиумите како сиромашен келнер кој Џеј Ло го одби по една година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.