Делницата Загреб – Лутовац кај Нова Градишка, каде што загина нашиот Тоше Проески беше кобна и за уште неколку ѕвезди од поранешните југословенски простори.

Тука загина и хрватската актерка Долорес Ламбаша, а босанскиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ, кој го знаеме по улогата во серијата „Луд збунет нормален“, усмрти жена.

Пред неколку години на оваа делница за малку остана жива и босанската пејачка Ханка Палдум. Таа раскажува дека само Господ ја спасил да не загине на лице место.

Не знам што е со тој пат, но тоа не е нормално. Видов знак крст и кога подобро ќе размислам мислам дека тоа беше знак од небо – раскажува пејачката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.