Поранешниот функционер Ване Цветанов, се огласи на Фејсбук. Вели дека ќе се врати во Македонија.

„Благодарност до сестра ми и зет ми за огромната поддршка за време на моето азилантско патешествие во Германија. Благодарение на измените на КЗ, опасноста од притвори повеќе не постои, па за еден месец се враќам во Македонија“, напиша Цветанов на Фејсбук.

Цветанов кој беше и сопруг на поранешната мис на Македонија Дунавка Трифуновска избега од Македонија откако во јануари годинава против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 илјади евра. Бегството самиот го пријави во телевизиско интервју за бугарската телевизија „Нова“ во април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.