Загрепската полиција објави фотографија и информација за исчезнувањето на Маријана Зајферт (37), победничката на регионалното реално шоу „Големиот брат“ во 2011 година.

Маријана исчезнала од домашната адреса на улицата „Ластовска“ во Загреб. Во моментот на исчезнувањето таа носела маица во боја на сенф, црна спортска јакна, црна тренерка со бело-црвена лента и светли патики.

Нејзиниот сопруг Карло Зајферт, со кој има и дете, за 24сата.хр вели дека не знае што се случило.

Исчезнувањето го пријавив во полиција. Не можам да зборувам за околностите, ни јас не ги знам, кратко изјави Зајферт.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.