Пејачот Жељко Јоксимовиќ и водителката Јована Јоксимовиќ се обидуваат да ја заштитат својата приватност од јавноста, а во една прилика мајката на Жељко проговори за конфликт со нејзината снаа.

Весна Јоксимовиќ откри дека таа и Јована одлично се согласувале, но дека нивната врска е значително нарушена во последните години.

Јована е тип на девојка што му се допаѓа на Жељко. Едно време многу често се гледавме и бевме многу блиски, но кога во весник објавив дека сакам внуци, се оддалечивме. Веста беше објавена со наслов „Мајката на Жељко откри дека Јована е бремена“, што беше чиста лага, а јас не бев ниту виновнa ниту одговорнa за штетата. Не можеше да ми го прости тоа и оттогаш постои одредена дистанца меѓу нас – изјавила Весна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.