По препорака на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, донесов одлука да ја откажам реалити програмата „Задруга“ во најкус можен рок, не подолг од десет дена, објави сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ.

Верувам дека единството на Србија и оценката на претседателот на Републиката е поважна од секаков вид на интерес на „Пинк“ или мој личен интерес, објави Митровиќ на Твитер.

Вучиќ, зборувајќи за реалните шоуа, вчера изјави дека „разговарал и со сопственикот на Пинк“.

Го замолив и му кажав дека дел од граѓаните на Србија мислат дека реалните шоуа не се добра работа и дека знам каков е неговиот став и на гледачите на Србија кои ја гледаат, но дека тоа е моја молба, рече тој.

Митровиќ веќе најави дека ова ќе биде последна сезона на „Задруга“, откако неколку дена по трагедиите влезе во реалното шоу и го соопшти тоа во живо. По разговорот со Вучиќ реши крајот на сезоната да дојде побрзо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.