Пејачката Јадранка Барјактаревиќ жали за Мило Ѓукановиќ кој по 30 години ја загуби власта во Црна Гора.

По тој повод Јадранка на Инстаграм ја објави фотографијата на Мило и се прости од поранешниот претседател.

Најголем си – напиша Јадранка.

Барјактаровиќ пееше на прославата на Денот на независноста на Црна Гора за влезница која чинеше пет евра, а пееше и на приватни забави и митинзи за поддршка на Мило Ѓукановиќ.

Нејзе и беше забранет влез во Србија откако пред две години на собирот на ДПС против српскиот народ во Црна Гора го испеа текстот „Никој ништо не ни може, посилни сме од Србија“.

 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.