Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ помина 24 години со колегата Петар Грашо, кој сега чека дете со ќерката на неговиот долгогодишен соработник Тончи Хуљиќ, Хана.
Данијела никогаш не криела колку жали што не ја исполнила улогата на мајка, но и дека не и е лесно медиумите, бидејќи е јавна личност, да се занимаваат со оваа тема.
Мајчинството ми е доста тешка и лична тема, а од друга страна со оглед на тоа што сум пејачка е многу јавна. Понекогаш таквите наслови за моето неостварено мајчинство звучат и изгледаат толку едноставно, неточно. Затоа, во ранливите моменти на емоционална експанзија, почнав да пишувам, да раскажувам приказна во една форма во која му се обраќам на моето неродено дете, на моето Малечко. Знаеш, оние долги ноќи кога имаш чувство дека немаат почеток или крај, чувство дека ќе останеш засекогаш заглавен во пукнатината на времето. Сакав да и кажам се од прво лице еднина – изјави Даниела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.