Огнен Здравсковски од неодамна е член на составот ОЗ во кој се и Антонио Тимчевски, клавијатури, Дејвид Дејв Демир, гитара, Бојан Дичовски, бас гитара, и Гоги Мицевски, тапани. И тоа не е сѐ, за јавноста да види и чуе како изгледаат и звучат дечките спакуваа одлично видео со кавери за омилените песни на Огнен.

„„Моја драга“, „Остала си увијек иста“, „Од милијун жена“, „Доѓи“, „Остани“ се песни кои ми се многу драги и секоја на свој начин обележува еден дел од мојата кариера и настапите затоа сакав да ги отпеам и да им дадам свој печат“, вели Оги, додавајќи дека приказната наречена ОЗ бенд допрва почнува да се раскажува.

„Во периодот кој ќе следува на публиката ќе ѝ ја претставам мојата авторска музика. Дел од проектите се веќе завршени, дел се во изработка и веќе нема назад – дојде време за убава македонска забавна музика“, вели Оги.

Додека да чуеме и видиме што спакувале момците и како звучат кога изведуваат авторска музика ужувајте во повеќе од 15 минути музичка магија и гласот на Огнен Здравковски, секако, сето визуелно спакувано во видео кое дише со романтика. За видео реализацијата на проектот се погрижи Скендеровски продукција.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.