„Бендот на браќата Нуне“ и Мими Јовановска за прв пат заминуваат на турнеја низ Австралија, а со нив заминува и Дарко Билбиловски. Прво искуство и за нив, но и за нашинците кои ќе ја имаат привилегијата да ги слушнат во живо.  А според најавите и според она што досега го имаат сработено има и што да се слушне.

„Македонци, подгответе се за една поинаква забава, за нешто што многу ќе ви се допадне и што ќе го барате повторно“, се ветувањата на музчките ѕвезди,кои досега многу пати ја покажале нивната големина.

„Бендот на браќата Нуне“, Мими и Дарко заминуваат на покана на друштвото „Никола Карев“ од Мелбурн, друштво кое има традиција од половина век.  Турнејата ќе трае месец и половна, а планирани се  девет концерти.

Првиот концерт е закажан за 23 фебруари во Волонгог, следниот ден се во Сиднеј, на први март се во Квинбиен, за осми март во Мелбурн и на девети март во Џилонг. Во Мебурн, како град во кој им најмногу Македонци планирани се уште два концерти и тоа на 15 март, а последниот концерт ќе се случи во Перт на 23 март.

Како за прво патување во Австралија и прва соработка со „Никола Карев“ нашинците во Австралија треба да очекуваат нешто сосема ново и поразлично од она што се навикнати да го гледаат од другите гостувања.

Тие имаат сосема поразличен концепт на концерти, нивните настапи се во боја и подготвуваат музичко шоу кое ќе се памети. Ќе се пее и свири исклучиво македонски песни и ора, секако забавни и народни. Песни од нашата богата ризница што одамнане ги слушнале.

-Ова е прва средба мегу нас и нашинците во Австралија. Затоа ќе биде забава за публика од 7 до 77. Од од танго до чочеци.  Сите жанрови на едно место, стари хитови, евергрини, но и модерна македонска музика. Затоа  обединете се Македонци, дојдете во што поголем број на забава каква што немаат видено до сега, порачуваат музичарите.

На настапот секако ќе има нивни авторски песни, инструментали,  песни Васка до Есма.

Дека по многу нешта публиката во Австралија им значи покажува и фактот што  Мими нејзината најнова песна „Мајко“ за прв пат на жив настап ќе ја промовира токму пред австралиската публика.

„Мајко“ е песна посветена за сите нашинци кои се далеку од дома, за сите кои морале да ги напуштат родителите и да заминат во светот, што е приказна во која ќе се пронајдат тие, кои ја доживеале истата судбина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.