Поранешниот американски фудбалер Том Брејди (45) и познатата манекенка Ирина Шајк (37) се видени заедно. Парот го поминал заедно викендот во неговиот дом во ЛА, а биле фотографирани и додека се шетаат.

Ова е нешто ново и во моментов е сосема лежерно – изјавил изворот за Page Six, а фотографиите погледнете ги ТУКА.

Инаку, ова е прва „љубов“ на Брејди по разводот со манекенката Жизел Бундхен (43), а тој и Ирина наводно се запознале на свадбата на милијардерот Џозеф Нахмад (33) и манекенката Медисон Хедрик (29) на Сардинија.

Иако изворот рече дека тие не разговарале тој викенд, се чини дека сепак се зближиле.

Инаку, Том и Жизел се разведоа во октомври минатата година на изненадување на целиот свет. Тие беа во брак 13 години, а заедно ги имаат синот Бенџамин (13) и ќерката Вивијан (10). Жизел поднесе барање за развод кога Том се врати од спортска пензија по само два месеци, ставајќи ја својата кариера пред семејството.

Шајк претходно беше во врска со Кристијано Роналдо, а нивната петгодишна романса заврши во 2015 година. Две години подоцна, таа ја доби ќерката Леа Де Сеин со Бредли Купер, а парот се раздели во 2019 година. По нејзината романса со Купер, Шајк имаше кратка врска со раперот Канје Вест



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.