Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и приреди романтично изненадување на својата сопруга Јелена за 8 март.
Властите во САД го одбија барањето на Новак Ѓоковиќ да влезе во земјата, па српскиот ас беше принуден да се повлече од Мастерсот во Индијан Велс. Така Ноле остана во татковината каде што ужива со семејството.
За меѓународниот ден на жената, Новак и неговиот татко Срѓан решија да ги изненадат своите дами, ги однесоа во „МТС салата“ на концертот на групата Црвена јабука.
Насмеаните Ѓоковиќ уживаа во ВИП ложата, а кога фановите го видоа Новак на балконот се слушнаа громогласни аплаузи и овации.
Wow!!! My sister-in-law & nieces are at a #CrvenaJabuka concert in #Belgrade tonight and look who else is there … 🎶“Nole Nole Nole”🎶. Love this ♥️♥️♥️ #DanŽena @DjokerNole @jelenadjokovic @NovakFanClub pic.twitter.com/ZY56v86gHX
— Kristina (@KrisSekMNT) March 8, 2023
Заљубениот пар не ги криеше емоциите, Новак и Јелена цело време танцуваа на романтични песни и разменуваа нежности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.