Српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој за влакно ѝ избега на смртта пред некоја година возејќи пијан, рано утрово бил уапсен поради пребрзо возење под дејство на наркотици и алкохол.

Пејачот возел автомобил „голф“ со 117 километри на час на местото каде што максимално дозволеното е 80 километри на час, а бил запрен околу четири часот наутро. Според информациите на српските медиуми, тој бил подложен на нарко-тестирање и алкотестирање – и на двете бил позитивен. Неофицијално Лазиќ користел кокаин.

Подоцна било утврдено дека тој немал ниту возачка дозвола, со оглед на тоа што му била одземена во 2013 година.

Неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ за медиумите открила дека само неколку часа пред апсењето, Лазиќ во автомобилот го возел нивниот тригодишен син Алексеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.