Сораја Вучелиќ се бори за живот откако доживеала страшна сообраќајна несреќа на границата со Албанија и е во тешка состојба. Вучелиќ има скршеници на ребрата и повреда на внатрешните органи. Поради ова таа вчера од Албанија била префрлена во Хрватска на итна операција.

Во тек е операцијата на Сораја, има внатрешно крварење во стомак кое настанало дополнително, не за време на ударот. Се надеваат дека ќе биде добро кога ќе го санираат крварењето. Лекарите вложуваат напори да ја спасат – изјавил извор за Блиц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.