Водителот и бизнисмен Жарко Димитриоски од „Еден на Еден“ во интервју за „Женски магазин“ за првпат искрено зборува во јавноста дека по подолго време е повторно „сингл“, по раскинувањето на долгогодишната врска. Според него, ниедна врска нема смисла на долг рок, ако немаш вистински, искрен партнер покрај себе.

Не го кријам воопшто раскинувањето. Едноставно, не сум човек што цело време слика и објавува кај е, со кого е и што прави. И да ти кажам, од тоа не сум видел некој зијан. Инаку, се разбира дека знаат тие што треба и тие луѓе што ми се поблиски. Растрчани се, бараат девојки под дрво и под камен, ако знаеш некое добро девојче кажи. Бевме долго време заедно и поминавме убав период. Јавна личност или не, не правам разлика, ако двајцата луѓе се доволно зрели ќе најдат начин да се разделат човечки и со разбирање. Тоа подразбира и да останат пријатели, а секако подразбира да задржат коректен однос, вели Димитриоски.

На прашањето што е тоа што може да направи да опстане или да престане една сериозна врска, одговара:

Секоја врска е партнерство. Добрата врска е цврсто и сигурно партнерство. Мое длабоко убедување е дека клучно е да знаеш и да си уверен дека имаш вистински, искрен партнер покрај себе. Без тоа ниедна врска нема смисла на долг рок и подобро е да заврши.

Додава и дека е отворен за нова врска.

Целото интервју на „Женски магазин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.