Цеца Ражнатовиќ одржувала одлични врски со Земунскиот клан, често пеела на нивните забави и имале заеднички бизниси, тврди Миле Новаковиќ, поранешн шеф на национална безбедност на Србија.

Новаковиќ тврди дека на почетокот на деведесеттите години Цеца имала финансиски проблеми, Легија и предложила да побара пари од Душан Спасојевиќ, а „земунците“ и дале неколку стотици илјади марки… Воспоставиле и пријателски врски. И таа неколку пати одела кај нив кај нив во познатата куќа во „Шилерова“

Врските продолжиле и кога Цеца стапила во брак со Аркан.

– Аркан беше бог на криминалот во деведесетите, учествуваше во војни, почна да се занимава со политика… Можеше да заврши се што сакаше. Белградскиот криминал се вртеше околу него. Ги рекетираше сите криминалци кои се занимаваа со тежок криминал и заработуваа многу пари шверцувајќи нафта, цигари, дрога… Па, во еден момент претера. И тогаш дека еден тим од криминалци се организирал и со помош на некои луѓе од обезбедувањето се согласиле дека е време да го отстранат. А Аркан во тоа време веќе се опушти, немал голема свита околу себе, а потоа се случи неговото убиство во „Интерконтинентал“ во јануари 2000 година – наведува Новаковиќ и додава:

Новаковиќ објаснува и како вдовицата на Аркан се зближила со озлогласениот „земунски клан“ на Душан Спасојевиќ Шиптар и тоа се причините за нејзиното апсење во акцијата „Сабја“.

– Клучот за приведувањето на Светлана Ражнатовиќ за време на „Сабја“ не е нејзината тажна приказна за, како што подоцна рече, политичкиот прогон, туку сознанието на полицијата дека на „Земунците“ требало да даде алиби по убиството на Ѓинѓиќ. Откако беше приведена во „Сабја“, таа даде изјава пред специјалниот обвинител за нејзиното познанство со Легија и Душан Спасојевиќ-додава Новаковиќ.

За ова посведочи и поранешната стриптизета Бранка Блек Роус која била девојка на еден од водачите на Земунскиот клан.

Таа била присутна и кога Милорад Улемек Легија ги крсти своите деца.

– Бев таму кога Легијата ги крсти децата. Ручекот бил во хотелот „Југославија“, а забавата продолжила вечерта во Шилер. Таму беа сите политичари Зоран Живковиќ, Чеда Јовановиќ, ДС, кој беше тогаш на власт. Бев таму како девојка, дури зедов двајца играчи, па тие играа со Џеј. Таму беше и Цеца Ражнатовиќ – изјави Бранка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.