Џастин воопшто не е среќен поради тоа што е во книгата. Тој не стапил во контакт со Бритни и нема да ја контактира бидејќи нема што да и каже. Додека ја подготвуваше оваа автобиографија, таа го даде својот живот. Навистина не и е грижа кој и што ја навредува бидејќи тоа се случило. Таа беше таму и го живееше тоа. Никој ништо не може да каже. Таа извади се од себе и сега продолжува понатаму.

Изјави извор за Дејли Мејл во вторникот, откако Бритни Спирс (41) во книгата „Жената во мене“ откри дека Џастин Тимберлејк (42) и предложил да пие апчиња за да ја прекине бременоста. Пејачката тогаш имаше 19 години. Таа објасни како прибегнала кон тоа во куќата во која живееле заедно, бидејќи сакала се да остане целосна тајна.

Justin Timberlake 'Focusing on His Own Family' Amid Britney Spears' Book and Abortion Claim **FILE PHOTOS**

– Можеби малку ќе те боли, но ќе бидеш добро – и рекол тогаш.

Таа доби грчеви откако зеде апчиња.

– Отидов во тоалет и останав таму со часови. Продолжив да плачам и да врескам додека не заврши се. Не се сеќавам како заврши, но се сеќавам, 20 години подоцна, болката и стравот – изјави Бритни во нејзините мемоари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.