Српскиот актер, Милош Биковиќ, којшто е многу популарен ширум Балканот, но и во странство,  очиглено е воодушевен од Охрид.

Тој летово престојуваше во Охрид по повод фестивалот „Охридско лето“ каде што настапи заедно со неговите колеги од Белградско драмско позориште со театарската претстава „Лагата“.

Околу една недела откако заврши фестивалот, Биковиќ сподели неодоливи фотографии и кратки видеа од прекрасниот Охрид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Го затворивме Охридско лето со претставата „Лагата“. Овој фестивал е еден од најубавите фестивали на светот. Тој се одржува во Македонија од каде потекнува мојот дедо. Претставата беше за паметење. И денот исто така не беше за фрлање“, напиша Биковиќ под објавата.

За време на престојот во Охрид, Биковиќ сподели дел од атмосферата со своите колеги додека уживаа во пливањето во Охридско Езеро, прошетка со катамаран и ручек со традиционална македонска храна во кафеана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.