Публиката долго време сака да слушне нова песна од Милан Станковиќ, но како што стојат работите тоа нема да се случи наскоро. Милан ќе снима песни само за своја душа, а од бизнисот што го започнал ќе заработува десет пати повеќе.

Како што пишува таблоидот „Скандал“, Милан Станковиќ заработува многу пари од  својот дом на Дедиње. Тој пред две години престојуваше во Америка  и дошол на идеја да започне нов бизнис. Тоа е работа  на превозник камион.

На почетокот купил еден камион, а во меѓувреме, кога работата му успеала, купил уште десетина. Сега му е лесно бидејќи седи дома а работата одлично му оди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.